Штрајк во Грција поради мерките за штедење за кои се гласа во Парламентот

Тричасовниот штрајк од контролорите на летање доведе до одложување и откажување на бројни летови

888741
Штрајк во Грција поради мерките за штедење за кои се гласа во Парламентот

Дваесет и четиричасовниот штрајк на работниците кои протестираат против новите мерки за штедење, побарани од страна на доверителите, за кои ќе се гласа во парламентот денес, доведе до застој на сообраќајот во главниот град

авниот превоз целосно запре во грчкиот главен град, Атина, поради штрајкот на вработените во метрото, трамвајот, во автобускиот и тролејбуски превоз.

Дваесет и четиричасовниот штрајк на работниците кои протестираат против новите мерки за штедење, побарани од страна на доверителите, за кои ќе се гласа во парламентот денес доведе до застој на сообраќајот во главниот град.

Исто така, тричасовниот штрајк од контролорите на летање доведе до одложување и откажување на бројни летови.

Заедно со работниците во транспортниот сектор, со прекин на работата ќе се вклучат и судиите, наставниците, лекарите и некои јавни службеници.

Од друга страна, по покана на Федерацијата на државни службеници на Грција (ADEDY), Генералната конфедерација на синдикати (GSEE) и Сојузот на борбените работници (PAME), во текот на денот се планираат многу демонстрации во градот.

Предлог-законот со кој се воведуваат нови мерки за штедење, ќе се гласа во парламентот денес.

По донесувањето на прописите, на состанокот на Еврогрупата следната недела се очекува да се даде согласност за новиот кредит во рамките на програмата за спасување на Грција.



Слични вести