Партијата за национално единство (УБП) победник на изборите во ТРСК

Изборите поминаа во демократска, транспарентна и изборна кампања која доликува на Кипарско турскиот народ

883524
Партијата за национално единство (УБП) победник на изборите во ТРСК

На предвремените парламентарни избори во Турската Република Северен Кипар за избор на 50 нови пратеници на новиот состав на Собранието, со освојување на 36 насто од гласовите победи Партијата за национално единство (УБП) на чело со премиерот Хусејин Озѓурѓун.

Резултатите покажуваат дека во ТРСК ќе се формира коалициона влада.

Според неофицијални податоци, Партијата за национално единство (УБП) со 36,05 насто се најде на првото место. Републиканската турска партија (ЏТП) со 20,8 насто се најде на второ место, додека Партијата на народот (ХП) со 16,74 насто на трето место, Демократската партија (ДП) со 8,06 насто се најде на четврто место, Општестеваната демократската партија (ТДП) со 7,99 насто на петто место, Партијата повторно раѓање со 7,45 насти на шесто место.

По објавувањето на првите резултати, сопартијците на Партијата за национално единство кои со знамиња во рацете се собраа пред генералното седиште, во придружба на музика играа оро, славеа и извикуваа слогани.

Премиерот Озѓурѓун по објавувањето на резултатите пристигна во седиштето на Партијата за национално единство во Лефкоша направи проценка на резултатите и рече дека изборите поминаа во демократска, транспарентна и изборна кампања која доликува на Кипарско турскиот народ.



Слични вести