Почнувајќи од денес Бугарија, нов претседавач со Советот на Европската Унија

Приоритет на Бугарија во ЕУ ќе бидат прашањата околу економијата и социјалната кохезија

879680
Почнувајќи од денес Бугарија, нов претседавач со Советот на Европската Унија

Бугарија оваа функција ја презеде од Естонија и ќе ја извршува до 30 јуни 2018 година. Според програмата на Бугарија, приоритет во ЕУ ќе бидат прашањата околу економијата и социјалната кохезија

Бугарија од денес, 1 јануари, стана претседавач со Советот на Европската Унија (ЕУ).

Бугарија оваа функција ја презеде од Естонија и ќе ја извршува до 30 јуни 2018 година. Според програмата на Бугарија, приоритет во ЕУ ќе бидат прашањата околу економијата и социјалната кохезија. Исто така, постои цел за продлабочување на економијата и монетарната унија во ЕУ. Стабилнсота и безбедноста се меѓу приоритетните прашања во оваа програма.

Според програмата, ќе се овозможи зголемување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ, како и спроведување на проектот „Постојана структурирана соработка за безбедност и одбрана (PESCO)“ кој предвидува соработка во областа на одбраната меѓу земјите-членки на ЕУ, како и поефективно управување со миграциите да биде трајно.

Во овие рамки, ќе се поддржуваат земјите кандидати од Западен Балкан во спроведувањето на реформите за учество во ЕУ, како и ќе се дава поголема поддршка на земјите во регионот.

Меѓу приоритетните прашања на оваа програма се наоѓаат дигиталната економија и развојот на работната сила во оваа област.

За време на претседавањето на Бугарија со ЕУ ќе има блиска соработка и дијалог со Турција, ќе се поддржува целосното спроведување на Договорот за бегалците склучен меѓу Турција и ЕУ. Ќе се дава особено значење на соработката во борбата против тероризмот со Турција и со земјите од Западен Балкан.

Земјата председавач председава со состаноците на Советот на Европската Унија. Бугарија оваа функција ќе ја извршува до 30 јуни 2018 година, кога претседателствувањето со ЕУ го презема Австрија.



Слични вести