Ратко Младиќ осуден на доживотна казна затвор

Младиќ крив за геноцидот во Сребреница

852695
Ратко Младиќ осуден на доживотна казна затвор

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг го осуди српскиот командант Ратко Младиќ за низа различни кривични дела меѓу кои и геноцидот во Сребреница.

Судот во Хаг во пресудата истакна дека српскиот командант Младиќ учествувал во воени злосторства.

Во пресудата на судот беше истакнато дека Младиќ кој е познат како „Касапот од Босна “ имал за цел да ја уништи Бошњачката муслиманска популација во Сребреница.

За време на читањето на пресудата, „Касапот од Босна“ Ратко Младиќ почна да вика во судницата поради што судијата нареди обвинетиот да се извади од салата.

Судијата даде пауза за време на читањето на пресудата и потенцираше дека Младиќ не соработувал.

Адвокатот на Младиќ под изговор дека му се покачил притисокот на клиентот, бараше да се одложи читањето на пресудата.

Командантот на босанските Срби Ратко Младиќ кој за време на војната во Босна и Херцеговина командуваше со српските војници, по 16 годишно криење во 2011 година беше фатен.

Веднаш потоа беше предаден на надлежните органи на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг.

„Касапот од Босна“ Ратко Младиќ се обвинуваше за убиството и масакрот на над 8 илјади бошњачки цивили од страна на српските сили во 1995 година, вкупно 11 кривични дела.

Обвинителството во обвинителниот акт достави барање за изрекување доживотна казна затвор на Младиќ кој се обвинуваше за воено злосторство и геноцид.

Во рамките на судскиот процес кој траеше 530 дена беа земени исказите на 591 сведок а беа прифатени 9 914 докази.

Политичкиот лидер на геноцидот во Сребреница Радован Караџиќ беше осуден на казна 40 години затвор, додека Слободан Милошевиќ умре во 2006 година за време на судскиот процес.



Слични вести