Утре ќе се објави конечната пресуда за „Касапот од Босна“

Младиќ се очекува да биде казнет за поединечни и заеднички злосторства

851855
Утре ќе се објави конечната пресуда за „Касапот од Босна“

Утре во Хаг, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија ќе ја објави пресудата за командантот на српските војници во војната во Босна Ратко Младиќ.

Инаку Младиќ кој познат како „Касапот од Босна“ се обвинува за 11 кривични дела вклучително и смртта на над 8 илјади Бошњачки цивили во Сребреница, кои беа убиени од страна на српските сили во 1995 година.

Обвинителството поднесе барање на поранешниот српски командант да му се изрече доживотна казна затвор поради воено злосторство и геноцид.

Младиќ се очекува да биде казнет за поединечни и заеднички злосторства.

Во обвинителниот акт против Младиќ беше истакнато дека извршил геноцид и во тие рамки беа изнесени обвиненија дека извршил етнички или верски геноцид, планирал геноцид, поттикнувал, наредувал, помагал и ги поддржувал активностите за извршување геноцид.

Меѓудругото во обвинителниот акт против Ратко Младиќ беа изнесени обвиненија дека планирал етничко или верско уништување на Бошњачките муслимани и дека овој план го споделувал со другите учесници во заедничкиот обид за кривично дело.

Во обвинителниот акт беше изнесено дека во 1992 година постоел обид за уништување на Бошњаците и Хрватите во Фоча, Кључ, Котор-Варош, Приједор, Сански Мост и Власеница, дека Младиќ бил информиран за овие активности, дека зазел место во насилствата и тортурите врз заробениците во логорите од страна на српските единици.

Во обвинението против Младиќ, освен за геноцид, се бара да се казни за злосторствата што ги сторил во периодот од 1992 до 1995 година, како што се прогонство, уништување, убивање, депортација и нечовечно однесување, прекршување на воените закони и традиции, убивање, тероризам, незаконски напади врз цивилите и заробување.



Слични вести