Хрватска во 2020 планира да го воведе еврото

Два клучни чекори на патот на Хрватска во ЕУ се желбата за влез во Шенгенската и Еврозоната

837776
Хрватска во 2020 планира да го воведе еврото

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека во 2020 година кога ќе го преземат привременото претседателствување со ЕУ планираат да го воведат еврото.

Пленковиќ рече дека „Од глобален аспект еврото ќе донесе политички и економски кредибилитет на Хрватска“.

Премиерот Пленковиќ одржа говор на конференцијата „Стратегијата за воведување на еврото во Хрватска“ која беше одржана под покровителство на Владата на Република Хрватска и Хрватската народна банка во Загреб.

Пленковиќ во говорот направи проценка на стратегиите на процесот на транзиција и воведување на еврото, добивките и расходите на воведувањето на еврото, потенцирајќи дека една од целите на конференцијата е кршење на предрасудите кај јавното мнение со одржување долгорочни информативни кампањи.

Владата на Република Хрватска е проевропски ориентирана, рече Пленковиќ потенцирајќи дека два клучни чекори на патот на Хрватска во својство на најмладата членка на ЕУ се желбата за влез во Шенгенската и Еврозоната.

Со воведувањето на еврото, хрватска ќе стане попривлечна земја од аспект на привлекувањето на туристите и инвеститорите, рече Пленковиќ нагласувајќи дека инвеститорите нема да се соочат со евентуални кризи со курсните разлики.



Слични вести