Почина првиот премиер на Косово Бајрам Реџепи

Бајрам Реџепи на 4 март 2002 година стана првиот премиер на Косово

794588
Почина првиот премиер на Косово Бајрам Реџепи

Во Истанбул каде што се наоѓаше на лекување почина првиот премиер на Косово Бајрам Реџепи.

Пред одреден период поради излив на крв во мозокот Реџепи беше донесен на хоспитализација во Турција.

По првите избори на Косово на 17 ноември 2011 година, Бајрам Реџепи на 4 март 2002 година стана првиот премиер на Косово.

Реџепи беше висок функционер на Демократската партија на Косово и покрај тоа што неговата партија беше втора на изборите, согласно консензусот што беше постигнат меѓу трите главни албански партии, беше избран за премиер.

Реџепи имаше завршено медицина и по судирот со Србија во 1999 година, се приклучи кон редовите на ослободителната армија на Косово и три месеци по планините во околината на подрачјето Шала пружаше услуги како лекар.



Слични вести