Македонија и Бугарија потпишаа меморандум за соработка во секторот на природниот гас
Двете соседни земји преку овој меморандум за соработка предвидуваат продлабочување на соработката во енергијата и развој на билатерално стратешко партнерство

Министрите за економија на Република Македонија и на Република Бугарија Крешник Бектеши и Теменјука Петкова во Скопје потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете министерства во секторот на природниот гас.
Двете соседни земји преку овој меморандум за соработка предвидуваат продлабочување на соработката во енергијата и развој на билатерално стратешко партнерство во секторот на природниот гас,преку развивање на нова директна врска меѓу системите на приодниот гас на Македонија и Бугарија.
Одлуката за воспоставување на нова поврзаност меѓу Македониуја и Бугарија освен на гасоводната инфраструктура ќе има позитивен ефект и на реализацијата на гасоводните проекти Грција-Бугарија и Турција-Бугарија.
По потпишувањето на меморандумот беше подвлечено на важноста на соработката меѓу двете земји во сферата на гасот, на изворите на гас и на либерализацијата на енергетските пазари во Југоисточна Европа.