Новиот албански претседател Илир Мета положи свечена заклетва

Мета ја презеде претседателската функција од досегашниот претседател на Албанија Бујар Нишани

777285
Новиот албански претседател Илир Мета положи свечена заклетва

Новиот претседател на Албанија Илир Мета денеска формално стапи на должност положувајќи заклетва за време на вонредно заседавање на парламентот.

Мета ја презеде претседателската функција од досегашниот претседател на Албанија Бујар Нишани.

Мета денеска свечено вети дека ќе го почитува Уставот и законите на земјата, ќе ги почитува правата и слободите на граѓаните,ќе ја брани независноста на Албанија и дека ќе служи на општ интерес и просперитет на албанскиот народ.

Поранешниот претседател на парламентот и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција, беше избран за фукнцијата претседател на државата од страна на парламентот во април годинава со гласовите на 87 пратеници.

Илир Мета е 7.от претседател на Албанија. 

 

 

 



Слични вести