Комеморација во знак на жртвите на геноцидот во Сребреница

Посмртните остатоци на 71 жртва на геноцидот во Сребреница во 1995 година во источна Босна ќе бидат погребани по пладневниот намаз во Поточари

768461
Комеморација во знак на жртвите на геноцидот во Сребреница

Утврдени идентитетите на уште 71 жртва на геноцидот во Сребреница во кој беа погубени над 8 илјади Бошњаци и кој по Втората светска војна важи за најголема човечка трагедија во Европа.

Посмртните остатоци на 71 жртва на геноцидот во Сребреница во 1995 година во источна Босна ќе бидат погребани по пладневниот намаз во Меморијалниот центар Поточари. Бројот на погребаните жртви на геноцидот со последните 71 посмртни остатоци ќе се зголеми на 6 575.

Годинава Турција на комеморативната седница во Меморијалниот центар Поточари ќе ја претставува потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш кој ќе биде придружуван од страна на новоименуваниот генерален директор на Турската радио и телевизија Ибрахим Ерен.

На 11 јули 1995 година српските единици предводени од тогашниот командант Ратко Младиќ ја окупираа Сребреница. Бошњаците кои се беа засолнале кај холандските војници под покровителство на ОН, откако беа предадени на Србите беа изложени на масакр.

Над 8 илјади Бошњаци кои беа убиени од страна на Србите беа погребани во масовни гробници.

Сеуште не се пронајдени посмртните остатоци на уште над илјада жртви и покрај тоа што поминаа 22 години од геноцидот.



Слични вести