Мустафа Акинџи: Оваа недела ќе биде од животно значење за иднината на целиот регион

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи изјави дека немаат друга шанса освен да го направат најдоброто за идните генерации на Кипар.

763176
Мустафа Акинџи: Оваа недела ќе биде од животно значење за иднината на целиот регион

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи изјави дека оваа недела ќе биде од животно значење за иднината на целиот регион.

Претседателот Акинџи престојува во Кран Монтана,Швајцарија каде што се одржува конференција посветена на Кипар.

Акинџи додаде: Немаме друга шанса освен да го направиме најдоброто за идните генерации на Кипар.Токму заради тоа сме целосно сконцентрирани на разговорите што ги водиме тука. Тука сме за да обезбедиме убава иднина за нашиот остров ,иднина која ја заслужува, така да се надевам дека оваа наша желба нема да остане само како желба. Како што честопати досега истакнував пак ќе речам дека оваа конференција за Кипар ќе биде одлучувачка и ние учесниците треба да се однесуваме поаѓајки токму од оваа констатација. Тоа е причината поради која не се слагаме одредени прашања да бидат оставени на разрешување од страна на техничките комитети.

Претседателот Мустафа Акинџи потсети дека одредени многу важни прашања беа усвоени во вид на пакет на седница во петокот на која присуствуваше Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Турската страна инсистира на тоа прашањата да не се разгледуваат поединечно,туку во вид на пакет бидејќи поединечното разгледување се покажа како непродуктивно. Во тие рамки наша желба е да се изнајде решение кое ќе овозможи кипарските Турци да живеат слободно,безбедно и со подеднакви права со Грците, а Грците пак да не се чувствуваат под закана, истакна претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи.

 



Слични вести