Продолжуваат Кипарските преговори во Кран Монтана

Кај Кипарско грчката и Грчката страна нема никакви промени во нивните позиции и барања

761478
Продолжуваат Кипарските преговори во Кран Монтана

Во швајцарското гратче Кран Монатана продолжуваат преговорите за изнаоѓање решение на Кипарското прашање.

Страните на првиот ден на Конференцијата за Кипар ги поднесоа предлозите.

Турската страна бара сеопфатно решение на Кипарското прашање, додека кај Кипарско грчката и Грчката страна нема никакви промени во нивните позиции и барања.

Грција и Кипарско грчкиот дел на преговорите продолжуваат со настојчивоста за укинување на прашањата околу безбедноста и гаранциите како и повлекувањето на турските војници од Кипар.

Турската делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу достави доста флексибилен и конструктивен предлог од четири точки за постигнување сеопфатно решение на Кипарското прашање.

Постоечкиот договор за гаранциите предвидува ревидирање на новата федерална структура што ќе се формира врз основа на еднаквоста на кипарско турската и грчка конститутивна држава.

По доставувањето на предлогот, Кипарско грчката делегација бараше еден ден пауза за да го разгледа предлогот.

Од друга страна пак, на крајот на првиот ден на Конференцијата за Кипар и преговорите, ОН на страните им зададе задача поставувајќи им ги следните три прашања.

Прво, „Како гледате на првиот ден по постигнувањето на решението?“; второ прашање: „Како ќе ја обезбедите безбедноста на спротивната страна?“.

Третото прашање пак гласи: „Како ќе се справите со системот?“

Лидерот на Кипарските Грци Никос Анстасиадис, на првата седница на вториот ден на преговорите достави писмен одговор на поставените прашања.

Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утре ќе замине во Кран Монтана.



Слични вести