Треба да се реши 50 годишниот Кипарски проблем

Решението на Кипарското прашање треба да се изнајде со сеопфатен пристап низ историската перспектива

760948
Треба да се реши 50 годишниот Кипарски проблем

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека дојде време да се реши 50 годишниот Кипарски проблем.

Турската делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на првата седница на Конференцијата за Кипар која се одржува во швајцарското гратче Кран Монтана го изнесе ставот дека решението на Кипарското прашање треба да се изнајде со сеопфатен пристап низ историската перспектива.

Првиот ден на конференцијата министерот Чавушоглу рече дека турската делегација на конференцијата дојде со цел да се најде решение. 50 годишниот проблем треба да се реши.

На средбите истовремено беа разгледани сите прашања. Турција на разговорите уште еднаш ја изнесе политичката волја за постигнување праведно и трајно решение на Кипар.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Еспен Барт Еиде рече дека сите страни на конференцијата дојдоа за решение на Кипарското прашање.

Еиде потенцираше дека добро започнале и дека успехот ќе биде постигнат со сеопфатно решение.

Во продолжение Еиде рече дека постигнувањето рамковен договор или пак напредокот на лидерите на разговорите исто така ќе се смета за успех.

На преговорите во Кран Монтана планираме да останеме до 7 јули, рече Еиде.



Слични вести