Хеликоптерска несреќа во Грција,двајца загинати
Двајца го загубиле животот а едно лице било повредено кога паднал хеликоптер во близината на главниот град Атина
758808

Двајца го загубиле животот а едно лице било повредено кога паднал хеликоптер во близината на главниот град Атина.
Грчката новинска агенција АНА-МПА извести дека спасувачките екипи ги пронашле телата на двајцата загинати во мочуриштето на околу 40 километри од Атина.
Повреденото лице успеало со сопствени напори да го напушти срушениот хеликоптер.
Се дознава дека хеликоптерот кој служел за земјоделско прскање на посевите со пестициди паднал откога удрил на електричните далноводи.