Денес официјално започна членството на Црна Гора во НАТО

Со пристапувањето на Црна Гора, НАТО ќе има целосна хегемонија над Јадранското море

746134
Денес официјално започна членството на Црна Гора во НАТО

По одобрувањето од страна на сите земји сојузнички членки, денес официјално започна членството на Црна Гора во НАТО.

По повод пристапувањето на Црна Гора во НАТО како 29-та земја членка на НАТО, во среда во штабот на НАТО во Брисел ќе се одржи свеченост.

На свеченоста на која ќе учествуваат премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на јарболот покрај знамињата на сојузничките земји ќе се постави и знамето на Црна Гора.

Годишните одбранбени трошоци на армијата на Црна Гора составена од две илјади војници изнесуваат околу 69 милиони долари.

По членството на Црна Гора која поради географската местоположба ќе се стекне со големо значење во НАТО алијансата, освен 20 км поморска површина на Босна и Херцеговина, ќе има апсолутна хегемонија над јадранското море се до Грција.

Пристапувањето на Црна Гора е прво проширување на НАТО по 2009 година, кога беа примени Албанија и Хрватска.

Црна Гора која во 2006 се одвои од Србија има блиски односи со Русија.

Меѓу двете словенски држави постојат цврсти трговски, дипломатски, историски, верски и културни односи.

По поканата на НАТО во 2015 година, започнаа преговорите со Црна Гора за пристапувањето во алијансата. Врз база на овие случувања Русија јавно и отворено изнесе дека е против членството на Црна Гора во НАТО.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МНР на Русија по потпишувањето на протоколот за пристапување од страна на Собранието на Црна Гора во април, беше истакнато следното:

Според Русија, пристапувањето на Црна Гора во НАТО е голема грешка. Овој потфат кој се коси со интересите на граѓаните на Црна Гора може да нанесе штета на стабилноста на Балканот и Европа.



Слични вести