Аднан Ќахил:Наша цел е да ја подигнеме положбата на Турците во Македонија на повисоко ниво

Ние, Турците, сме подготвени да бидеме како мост и ќе продолжиме така .Нашата цел е да ја подигнеме положбата на Турците во Македонија на повисоко ниво. Тоа е право на Турците како државјани на Македонија.

744552
Аднан Ќахил:Наша цел е да ја подигнеме положбата на Турците во Македонија на повисоко ниво

Аднан Ќахил, министер без ресор од турска етничка припадност во Владата на Македонија, истакна дека со Турција имаат соработка која што датира од минатото и дека оваа соработка ќе ја доведат на уште понапредно ниво.

„Со Турција ќе работиме врз основа на принципи“, вели Ќахил, истакнувајќи дека поопсежно ќе ја развијат соработката со Турција и како министер и како коалиција и заедно со премиерот.

Присуството на Турција во секоја област во Македонија е во полза и на Турците и на сите народи кои живеат во земјата. „Ние, Турците, сме подготвени да бидеме како мост и ќе продолжиме така .Нашата цел е да ја подигнеме положбата на Турците во Македонија на повисоко ниво. Тоа е право на Турците како државјани на Македонија. Се разбира дека ова не може да се оствари само со зборување, туку со работа“.рече Ќахил.

 Ќахил нагласи дека во активностите што ги спроведуваат ја имаат поддршката на премиерот Зоран Заев. Тој посочи дека обидувајќи се оваа поддршка позитивно да ја искористат, ќе работат на тоа односите меѓу Турција и Македонија да се издигнат на повисоко ниво.

Осврнувајќи се на перспективата и можностите за унапредување на односите со Турција од економски аспект, Ќахил вели дека потребно е да се поканат големите компании во земјата.

„Турција е голема држава. Турските компании многу лесно можат да дојдат до ЕУ преку Македонија. Треба да бидеме свесни за тоа. Ќе ги поканиме исто како и во минатото“, истакна Ќахил.

Министерот Аднан Ќахил посочи дека Македонија е мала земја но грешка ќе биде доколку земјата се гледа само како македонски пазар.Македонија има потпишано договор за слободна трговија со неколку земји како Бугарија, Украина и Турција. Не само за двомилионска држава, се работи за маса поголема од 100 милиони. Во секоја област има место, во секоја област постои желба, во секоја област постои потреба“, смета Ќахил.

Исто така, министерот Аднан Ќахил истакна дека во минатиот период не им биле овозможени олеснувања на компаниите, но дека сега тие ќе овозможат олеснувања со цел компаниите да ги привлечат во Македонија, со што ќе доаѓаат инвеститори не само од Турција, туку и од Блискиот Исток, како и од други земји.



Слични вести