Република Македонија доби нова влада и нов премиер

Премиерот Зоран Заев и министрите од неговиот кабинет дадоа свечена изјава по изборот на новата влада од пратениците во Собранието

743533
Република Македонија доби нова влада и нов премиер

Собранието на Република Македонија на синоќешната седница на која на дневниот ред беше изборот на Влада, во присуство на 111 пратеници, од кои 62 гласаа за, воздржани беа 5, додека 44 беа против, беше избрана новата Влада на Република Македонија која ќе ја предводи Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија .

Премиерот Зоран Заев и министрите од неговиот кабинет дадоа свечена изјава по изборот на новата влада од страна на пратениците во Собранието.

Кочо Анѓушев е избран за министер без ресор, кој како што е најавено ќе биде вицепремиер за економски прашања. Бујар Османи исто така е избран за министер без ресор, но ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, како и Хазби Лика, кој според најавите ќе биде вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците. 

Радмила Шеќеринска ќе биде новата министерка за одбрана, а Никола Димитров ќе го предводи министерството за надворешни работи.

Новоизбраниот претседател на Владата на Македонија Зоран Заев, непосредно пред гласањето, даде отчет за програмата, а на почетокот се осврна на прашањето за името, најавувајќи дека решението ќе се носи во разговори со опозицијата и оти крајниот збор ќе го дадат граѓаните на референдум. Заев нагласи дека нивна цел е да најдат решение, а не да го блокираат процесот.

Заев порача дека започнува ново време каде сплотеноста ќе биде императив. Меѓу другото тој потенцираше дека проектите од претходната влада кои се добри, како што се изградбата на железницата, ќе продолжат да ги реализираат. На крајот од излагањето тој побара подршка и од сите партии за реформите.

Заев вети дека новата влада ќе одржи лекција по економија во земјата. Тој истакна дека ќе гради држава врз основа на концепт на едно општество еднакво за сите.

Во новата Влада ќе бидат застапени СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеника во Собранието составено од 120 пратеници.



Слични вести