Односите на Европската унија со Турција имаат големо значење за стабилноста на Балканот

Заменик премиерот на Република Словенија и министер за надворешни работи Карл Ерјавец рече дека бранот на бегалци се рефлектира и на балканските држави

743951
Односите на Европската унија со Турција имаат големо значење за стабилноста на Балканот

 

Заменик премиерот на Република Словенија и министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека односите на Европската унија со Турција имаат големо значење за стабилноста на Балканот.

Ерјавец се осврна на односите на Словенија со Турција, на мигрантската политика како и на прашањето посветено на членството на Турција во ЕУ.

Ерјавец рече дека бранот на бегалци се рефлектира и на балканските држави.Тој проблем се заокружи со договорот од март 2016 година меѓу Турција и ЕУ.Токму заради тоа дијалогот треба да продолжи.ЕУ има потреба од Турција а и Турција има потреба од ЕУ.

„Односите на релација ЕУ-Турција се многу битни за стабилноста на Балканскиот регион.Доколку Турција се откаже од договорот за беглаците тоа многу негативно ќе се одрази на нас.“

Што се однесува до односите на Словенија со Турција, Ерјавец истакна дека тие се одвиваат на високо ниво, и дека се потпираат на пријателство и обостран респект.

Ерјавец потсети дека Турција ја призна Република Словенија уште пред таа да биде признаена од страна на ОН, за што секогаш чувствуваме голема благодарност кон Турција.

 



Слични вести