Задолжителниот систем на квоти на ЕУ, опасност за сувереноста на Унгарија

Унгарија и Словачка се спротивставуваат на задолжителниот систем на квоти за распределување на мигрантите кој ЕУ сака да го спроведе меѓу земјите членки

730960
Задолжителниот систем на квоти на ЕУ, опасност за сувереноста на Унгарија

Унгарскиот министер без ресор Јанош Лазар рече дека задолжителниот систем на квоти за распределување на мигрантите кој ЕУ сака да го спроведе меѓу земјите членки предизвикува опасност за сувереноста на земјата.

Јанош Лазар на неделната конференција за печатот рече дека Унгарија и Словачка се спротивставуваат на задолжителниот систем на квоти за распределување на мигрантите кој ЕУ сака да го спроведе меѓу земјите членки и направи проценка на процесот кој што сакаат да го изнесат пред Европскиот суд за правда.

Одлуката во врска со лицата кои што ќе престојуваат во Унгарија, единствено може да ја донесе Националниот парламент рече Лазар и потенцираше дека е неприфатлив задолжителниот систем на квоти кој што ЕУ сака да го спроведе.

Ако се одземе овластувањето на унгарскиот парламент, владата и граѓаните за тоа кој може да живее на териториите на земјата, тогаш темелите на сувереноста на Унгарија ќе бидат изложени на опасност. Содржината на квотата која што сакаат да ја спроведат е токму тоа.

Благодарение на мерките и санкциите кои што ги презеде Унгарија по должината на границата, денес е невозможен влезот на мигрантите во земјата рече министерот Лазар и подвлече дека квотата која што се бара да се спроведе не претставува решение на бегалската криза.

Даночните обврзници на Унгарија не сакаат парите да се трошат на мигрантите. Затоа не прифаќаме ниту една квота која ќе биде наметната, рече Лазар.

Поради заканите надвор од ЕУ кои се изнесуваат како и промените во начелата во врска со Шенгенската граница која беше изготвена од страна на Европската комисија и беше усвоена на 7 април, дојде до големи редици на граничните премини, поради што унгарската влада привремено ја одложи строгата контрола на сите патници на влезот и излезот од Шенгенската зона, рече министерот Јанош Лазар.



Слични вести