Сакаме конечен исход на преговорите, рече Акинџи

Мустафа Акинџи рече дека досега одржаа над 60 лидерски средби и над 150 средби меѓу делегациите на двете земји

730964
Сакаме конечен исход на преговорите, рече Акинџи

Продолжуваат преговорите за изнаоѓање трајно решение на Кипарското прашање.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи пред лидерската средба го прими Еспен Барт Еиде, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар.

Еспен Барт Еиде по двочасовната средба на прес конференцијата што ја одржа рече дека на средбата размениле мислења во врска со чекорите што ќе се фрлат на преговорите во претстојниот период и дека процесот е опкружен со тешка атмосфера како од внатре така и од надвор.

Во вечерните часови се одржа лидерска средба.

Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи во тампон зоната под контрола на ОН се состана со лидерот на Кипарско грчкиот дел Никос Анастасиадис.

По четиричасовната средба претседателот Акинџи одржа прес конференција на која направи проценка на двогодишните преговори.

Акинџи рече дека досега одржаа над 60 лидерски средби и над 150 средби меѓу делегациите на двете земји и дека веќе сакаме конечен исход на преговорите. Преговорите не можат да продолжат вечно и со отворен крај. Тоа што треба да се направи е да се покаже политичка решителност, рече Акинџи.



Слични вести