ДЕАШ никогаш не може да биде претставник на муслиманите и исламот

Одвојувањето на терористичките организации претставува многу голема грешка

730134
ДЕАШ никогаш не може да биде претставник на муслиманите и исламот

Началникот на Генералштабот (ГШ) генерал на армија Хулуси Акар рече дека терористичката организација ДЕАШ никогаш не може да биде претставник на муслиманите и исламот.

Началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар учествуваше на 11-та Конференција на началниците на ГШ на Балканските земји што се одржа во Атина.

Генералот Акара во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека државите и меѓународните организации треба да водат заедничка борба против тероризмот.

Одвојувањето на терористичките организации претставува многу голема грешка. Најконкретен пример за тоа беше доживеан во кризата во Сирија. За жал не беа фрлени навремени чекори против заканите кои ги утврдивме во врска со кризата која започна во мар 2011 година и кои ги споделивме со партнерите, рече Акар.

Турција е земја која води најголема борба против терористите и тероризмот во регионот, рече Акара и потенцираше дека во рамките на операцијата Еуфратски штит (која започна во август 2016 и заврши во март 2017 со цел да се исчистат терористичките организации од турско-сириската граница како и во операциите Геду кај Башика во близината на ирачкиот град Мосул, беа елиминирани над 3 илјади приврзаници на терористичката организација ДЕАШ.

ДЕАШ никогаш не може да биде претставник на муслиманите и исламот. Во успешната борба против терористичките организации ФЕТО, ПКК, ПЈД, ЈПГ и ДЕАШ, од пријателските и сојузнички земји очекуваме да водат поефикасна борба против наведените терористички организации и да се раководат со начелото дека во борбата против тероризмот не треба да ги користат терористичките организации една против друга.



Слични вести