На протестите за ЕУ во Унгарија учествуваа илјадници лица

Демонстрантите на протестите носеа знамиња на ЕУ и Унгарија и извикуваа слогани „Дома Русите“, „Нема да бидеме колонија“ и „Нема да се откажеме“

724332
На протестите за ЕУ во Унгарија учествуваа илјадници лица

Демонстрантите во Унгарија кои се собраа на повикот на партијата „Моментум“ за зајакнување на односите со ЕУ наместо со Русија бараа слобода.

Претседателот на партијата „Моментум“ Андрас Фекете Гјор во говорот што го одржа на Плоштадот на хероите (Хосок Тере) кој претставува еден од симболите на Будимпешта гоизнесе тврдењето дека актуелната влада на Унгарија следи проруска надворешна политика.

Гјор во знак на протест против кампањата на унгарската влада дека „Брисел мора да се запре“ рече дека Ние нема да го запреме Брисел, напротив ќе вложиме поголеми напори да го стигнеме.

Демонстрантите на протестите носеа знамиња на ЕУ и Унгарија и извикуваа слогани „Дома Русите“, „Нема да бидеме колонија“ и „Нема да се откажеме“.

Полицијата презеде силни безбедносни мерки пред Амбасадата на Русија која се наоѓаше на маршрутата на демонстрантите.



Слични вести