Комеморација за 116 Бошњаци кои беа убиени во селото Ахмиќи

Не треба да се заборават случувањата во минатото

714627
Комеморација за 116 Бошњаци кои беа убиени во селото Ахмиќи

Во селото Ахмиќи во близината на градот Витез се одржа комеморација во знак на спомен и сеќавање на 116 Бошњаци кои на 16 април 1993 година беа убиени од страна на единиците на Хрватскиот одбранбен совет (ХВО).

На комеморацијата што се одржа на гробиштата во селото Ахмиќи во присуство на претставници на Федерацијата Босна и Херцеговина и блиските на жртвите, се читаше Куран и молитви.

Нешто потоа беа посетени гробиштата на шехидите и на гробовите на жртвите на масакрот беа поставени цвеќиња.

Потпретседателката на Федерацијата Босна и Херцеговина Мелика Махмутбеговиќ на комеморацијата рече дека не треба да се заборават случувањата во минатото.

Затоа денес се наоѓаме овде со цел да покажеме дека не ги заборавивме нашите шехиди. Секогаш треба да се сеќаваме на 16 април и да одржуваме комеморација.

Претседателот на Здружението на жртвите на војната 16 април Елведин Кермо рече дека и покрај тоа што од немилите случувања во селото Ахмиќи поминаа 24 години, истите не ги заборавивме.

Во Ахмиќи беа погубени 116 Бошњаци цивили. Во текот на изминатата година ги откривме посмртните остатоци на уште една жртва, додека сеуште не ги пронајдовме посмртните остатоци на уште 29 шехиди.

Џевад Ахмиќ кој го загуби брат му во масакрот рече дека дента кога се случи овој напад бил на пат. Да бев тука, денес и јас ќе лежев покрај брат ми кој имаше само 19 години кога беше убиен пред нашата куќа.

Во војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година, специјалните единици на Хрватскиот одбранбен совет за време на утринскиот езан на 16 април 1993 година извршија упад на селото Ахмиќи и убија 116 Бошњаци од кои 32 жени, 11 деца.

Меѓу жртвите на масакрот во селото Ахмиќи се наоѓаше и едно тригодишно бебе.



Слични вести