Во Србија падна воен авион за обука

Министерот за одбрана на Србија Зоран Џорџевиќ рече дека издал наредба за започнување истрага во врска со несреќата

708159
Во Србија падна воен авион за обука

Северозападно од Шабац во Србија падна еден воен авион за пилотска обука. Во несреќата загинаа двајца пилоти.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Србија, сеуште не е позната причината за несреќата.

Министерот за одбрана на Србија Зоран Џорџевиќ рече дека издал наредба за започнување истрага во врска со несреќата.

Очевидци тврдат дека авионот кој падна во близината на една куќа во селото Слатина, летал многу ниско над куќите на околното село Варна.



Слични вести