Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи рече дека преговорите за Кипар повторно ќе започнат на 11 април

Акинџи рече дека согласноста за продолжување на преговорите беше постигната на вечерата со грчкиот лидер Анастасијадис на 2 април

706157
Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи рече дека преговорите за Кипар повторно ќе започнат на 11 април

Акинџи по средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во Брисел одржа прес конференција.

Во изјавата за печатот Акинџи потсети дека преговорите за Кипар беа суспендирани поради усвојувањето на одлуката за одбележување на годишнината на Енозисот во училиштата од страна на Кипарско грчката управа.

Акинџи рече дека согласноста за продолжување на преговорите беше постигната на вечерата со грчкиот лидер Анастасијадис на 2 април што се доржа во тампон зоната под покровителство на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН одговорен за кипар Еспен Барт Еиде. Двете страни изразивме спремност преговорите да продолжат на 11 април.

Преговорите меѓу Акинџи и Анастасијадис кои продолжуваат од мај 2015 наваму, беа суспендирани по средбата на 16 февруари кога Анастасијадис ја напушти преговорачката маса.

Врз база на тоа, Акинџи рече дека се додека Кипарско грчката страна не фрли чекор назад во однос на одлуката за одбележување на Енозисот, нема да учествува на натамошните преговори.



Слични вести