Продолжуваат напорите за повторно започнување на преговорите за Кипарското прашање

Лидерите ја потврдија одлучноста за изнаоѓање решение кое ќе ја надмине загриженоста на приврзаниците на двете заедници на Кипар

704274
Продолжуваат напорите за повторно започнување на преговорите за Кипарското прашање

Продолжуваат напорите за повторно започнување на преговорите за изнаоѓање трајно решение на Кипарското прашање.

Синоќа по кризата на 16 февруари во врска со грчкиот Енозис, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на Кипарските Грци Никос Анастасијадис првпат се состанаа на вечера.

Вечерата која се одржа во тампон зоната која се одржа под покровителство на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде траеше четири часа.

На средбата беше постигнат компромис за повторно започнување на преговорите.

По средбата, во соопштението што беше објавено од страна на ОН беше истакнато дека со лидерите беше остварена конструктивна средба во врска со тешкотиите кои беа доживеано во изминатиот период.

Лидерите ја потврдија одлучноста за изнаоѓање решение кое ќе ја надмине загриженоста на приврзаниците на двете заедници на Кипар. Лидерите исто така разменија мислеа во врска со патната карта за натамошните преговори.

Во соопштението беше истакнато дека специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Кипар Еспен Барт Еиде ќе продолжи со напорите за изготвување поволна основа за повторно започнување на преговорите.

Имено на 10 февруари, Претставничкиот дом на Кипар го усвои предлог-законот според кој се предвидува референдумот Енозис од 1950 година, со кој се предвидува анексијата на Кипар кон Грција да се одбележува во државните училишта како Ден на сеќавање.

Одговорот на кипарско грчкиот лидер на острата реакција на турската страна која бараше да се поништи одлуката беше напуштање на преговарачката маса, поради што претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи по објавувањето на соопштението дека Претставничкиот дом на Кипар дека нема да се откаже од одлуката, рече дека нема да учествува на средбата на лидерите. На тој начин преговорите на 16 февруари беа прекинати.



Слични вести