Бегалец од Сирија се самозапалил во камп во Грција

Бегалец од Сирија сместен во кампот на грчкиот остров Самос откога дознал дека ќе биде вратен назад во Сирија доживеал нервен слом и се самозапалил

703359
Бегалец од Сирија се самозапалил во камп во Грција

Бегалец од Сирија сместен во кампот на грчкиот остров Самос откога дознал дека ќе биде вратен назад во Сирија доживеал нервен слом и се самозапалил.

Грчката новинска агенција АНА-МПА соопшти дека 29 годишниот бегалец од Сирија после трагичната вест за него,си истурил бензин на себеси и се самозапалил. Пламенот предизвикал изгоретини од висок степен по неговото тело,така да лекарите изјавиле дека се бори со смртта.

Несреќниот Сириец наскоро ќе бил префрлен во болница во главниот град Атина.

Во болница поради задобиени тешки изгореници по рацете и по лицето било сместено и лицето од обезбедувањето во кампот кое се обидело да го спречи несреќниот Сириец да се самозапали.

Грчките власти истакнуваат дека во бегалскиот камп на островот Самос биле сместени над 3500 бегалци.

 

 



Слични вести