Јанош Адер реизбран за претседател на Унгарија

Јанош Адер освои 131 глас

690582
Јанош Адер реизбран за претседател на Унгарија

На гласањето во Националното собрание на Унгарија за новиот претседател, Јанош Адер со гласовите на 131 пратеник беше реизбран на период од пет години.

На вториот круг на гласањето во Националното собрание, кое се одржа по првото на кое ниту еден од кандидатите не го постигна потребното двотретинско мнозинство, кандидатот на владејачката партија ФИДЕС, Јанош Адер освои 131 од 170 гласови и по втор пат на период од пет години беше избран за претседател на Унгарија.

Заедничкиот кандидат на левичарските партии поранешниот омбудсман Ласло Мајтени на вториот круг на гласањето освои 39 гласови.

На првото гласање на унгарското Национално собрание од 199 пратеници гласаа 175 пратеници од кои 131 за Јанош Адер, а 44 за Ласло Мајтени.

Гласањето во собранието на Унгарија беше проследено од страна на амбасадорот на Турција во Будимпешта амбасадорот Шакир Факили.



Слични вести