Преговорите за Кипар може да продолжат со коригирање на одлуката за одбележување на Енозисот

Сеуште не се откажавме од идејата за изнаоѓање решение да живееме заедно и да бидеме рамноправни

685507
Преговорите за Кипар може да продолжат со коригирање на одлуката за одбележување на Енозисот

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи рече дека преговорите за Кипар може да продолжат со коригирање на одлуката за одбележување на годишнината од Енозисот од страна на Кипарско грчкото собрание.

Претседателот Акинџи во говорот на свеченото отворање на културниот фестивал во Татлису рече дека сеуште не се откажавме од идејата за изнаоѓање решение да живееме заедно и да бидеме рамноправни. Секако дека тоа нема да го направиме по секоја цена. На патот ќе напредуваме земајќи ги во предвид заштитата на правата, рамноправноста, безбедноста и слободата. Тешкотиите кои ги доживеавме во последните денови потекнуваат токму од наведените причини. Затоа, како последица на согледувањето на евентуалната закана од наведените причини го кренавме нашиот глас.

Кипарските Турци вложуваат напори и ќе продолжат со активностите за постигнување безбедност, рамноправност и спокојство, рече претседателот Акинџи и потенцираше дека како што ја потсобираме куќата, ќе бидеме посилни за изнаоѓање и постигнување решение и на тој начин ќе можеме да излеземе посилни на преговорите.



Слични вести