Унгарија нема да ги прифати мигрантите од Западните земји

Бегалците кои преку Унгарија заминаа во Западна Европа, сега се вложуваат напори да се екстрадираат во Унгарија

682327
Унгарија нема да ги прифати мигрантите од Западните земји

Унгарскиот претседател Јанош Лазар рече дека неговата земја нема да ги прими 30-те илјади мигранти кои Западните земји се подготвуваат да ги испратат назад во Унгарија.

Во говорот на еден форум Лазар во освртот на кризата со бегалците рече дека притисокот на бегалците особено може да се зголеми на пролет или во летните месеци.

Претседателот Лазар потенцираше дека бегалците кои преку Унгарија заминаа во Западна Европа, сега се вложуваат напори да се екстрадираат во Унгарија.

Шведска и Германија бараат да се екстрадираат околу 30 илјади бегалци назад во Унгарија, а кои во 2015 година пристигнаа во овие земји. Ова прашање во претстојните месеци се очекува да предизвика сериозни дискусии. Овие луѓе во ЕУ најпрвин влегоа преку Грција а не преку Унгарија. Затоа унгарската влада ќе направи се што е во нејзина можност да не ги прими назад.



Слични вести