Бангладеш е 114 земја која официјално ја призна независноста на Косово

Признавањето на назависноста на Косово од страна на Бангладеш претставува одраз на успешната надворешна политика на земјата

Бангладеш е 114 земја која официјално ја призна независноста на Косово

Косовскиот премиер Иса Мустафа рече дека сакаат што поскоро да воспостават дипломатски односи со Бангладеш.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Владата на Косово беше истакнато дека Бангладеш официјално ја призна независноста на Косово и дека по тој повод косовскиот премиер Иса Мустафа му се заблагодари на Бангладеш.

Премиерот Мустафа рече дека признавањето на назависноста на Косово од страна на Бангладеш претставува одраз на успешната надворешна политика на земјата и дека процесот на признавањето на независноста од страна на поголем број земји во светот ќе продолжи се до зачленувањето во ОН.

Сингапур беше последната земја која во декември ја призна независноста на Косово.



Слични вести