Заедничка декларација на партиите во ТРСК против скандалозната одлука за одбележување на Енозисот

Остро го осудуваме повторното изнесување на Енозисот од страна на Кипарско грчката страна кој може да предизвика несакани последици

672076
Заедничка декларација на партиите во ТРСК против скандалозната одлука за одбележување на Енозисот

Партиите на Собранието на Турската република Северен Кипар (ТРСК) објавија заедничка декларација против скандалозната одлука за одбележување на годишнината од референдумот за Енозис како Ден на сеќавање.

Во декларацијата беше истакнато дека во период кога продолжуваат напорите за изнаоѓање решение на Кипарското прашање, остро го осудуваме повторното изнесување на Енозисот од страна на Кипарско грчката страна кој може да предизвика несакани последици. Затоа од ОН баравме што поскоро да преземат иницијатива за да ги возвратат Кипарските Грци од оваа грешка, беше истакнато во декларацијата.

Декларацијата од страна на претседателот Мустафа Акинџи и беше врачена на специјалниот претставник на ОН за Кипар Елизабет Спехар со цел да ја достави на генералниот секретар.

Претседателот Акинџи во врска со прашањето рече:

Инјектирањето на сфаќањето за илузијата Енозис во една ваква средина на младите со кое се обидуваат да го осветат референдумот како и водењето на овие активности од страна на партијата на Анастасиадис со кого водиме преговори, навистина има одлика на удар на преговорите.

Одлуката може да предизвика многу тешки последици и не може така лесно да се помине, рече Акинџи и потенцираше дека од Анстасиадис очекуваме да фрли сериозен чекор на тоа ле, додека од ОН да не го занемари овој очаен настан.

Претседателот Акинџи изрази надеж дека до четврток, кога ќе одржат средба, од лидерот на Кипарско грчката страна Анастасиадис очекуваме да ја поправи грешката.



Слични вести