Продолжуваат антивладините протести во главниот град на Романија Букурешт

На втората недела од антивладините протести во Романија вчера во главниот град Букурешт се собраа повеќе од 50 илјади лица

671526
Продолжуваат антивладините протести во главниот град на Романија Букурешт

Продолжува протестот на десетици илјади лица против корупцијата  во главниот град на Романија Букурешт...

На втората недела од антивладините протести во Романија вчера во главниот град Букурешт се собраа повеќе од 50 илјади лица.

Учесниците на денешниот протест кој што беше најголем досега со транспаренти во своите раце за корупција ја повикаа владата на оставка.

Романската влада по острата реакција на народот соопшти дека ќе го повлече декретот кој што предвидува амнестија за десетици лица кои се замешани во корупција.

Поради тоа што коалиционата влада располага со мнозинство во парламентот кај опозиционите демонстранти постојат сомневања во врска со гласањето што ќе се одржи во собранието.

Затоа идната недела протестите се очекува да бидат уште помасовни.

Владиниот декрет за кој што станува збор предвидуваше да се оди на измени во Кривичниот закон и да се донесе амнестија за голем број осудени лица поради различни кривични дела вклучувајќи и корупција. 

По масовните протести низ цела Романија владата фрли чекор назад од овој декрет кој што се оценува како „правно покритие за корупцијата“, меѓутоа одбива да поднесе оставка.



Слични вести