Продолжуваат протестите во Романија против владините декрети за амнестија и измените на Кривичниот закон

И покрај тоа што по силните реакции владата ги повлече декретите за амнестија и измени на Кривичниот закон на простетните митинзи во главниот град Букурешт учествуваа повеќе од 200 илјади лица кои дојдоа од голем број други градови ширум земјата

665924
Продолжуваат протестите во Романија против владините декрети за амнестија и измените на Кривичниот закон

Во Романија продолжуваат антивладините протести во знак на реакција против итните владини декрети за амнестија и за измени во Кривичниот закон.

И покрај тоа што по силните реакции владата ги повлече декретите на одржаните простетни митинзи во главниот град Букурешт учествуваа повеќе од 200 илјади лица кои дојдоа од голем број други градови ширум земјата.

Демонстрантите ја повикуваат владата на оставка и застануваат во одбрана на тоа дека измените со кои што се предвидува помилување на затворениците со казни помали од 5 години ќе ја зголемат уште повеќе корупцијата во земјата.

Освен во главниот град Букурешт беа одржани протести и во другите големи градови.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану истакна дека се дојдени на власт со гласовите на милиони бирачи и дека ја доби довербата на гласачите за применување на владината програма. 

Гриндеану рече дека нема да поднесе оставка.

По протестите кои што продолжуваат веќе неколку дена ширум земјата романскиот премиер Сорин Гриндеану во сабота изјави дека ќе се разгледа поништувањето на владиниот декрет за амнестија и измените на Кривичниот закон.

На состанокот на владата што се одржа вчера под претседателство на премиерот Сорин Гриндеану беа повлечени итните владини декрети за амнестија и за измени во Кривичниот закон.

Поради масовните протести кои што започнаа на 22 јанаури претходно оставка поднесе министерот за бизнис, трговија и претприемништво Флорин Жиану.

Протестите против владините декрети се поддржуваат и од страна на романскиот претседател Клаус Јоханис.



Слични вести