Напад со шишиња со боја на Генералниот конзулат на Турција во Комотини-Грција

Група составена од приближно 8 лица вчера во пладневните часови дојдоа на улицата на која се наоѓа Генералниот конзулат на Турција и фрлија голем број шишиња со црвена и црна боја на ѕидовите и дворот на зградата на Генералниот конзулат

665722
Напад со шишиња со боја на Генералниот конзулат на Турција во Комотини-Грција

Извршен напад со шишиња со боја на ѕидовите и дворот на Генералниот конзулат на Турција во Комотини (турски: Ѓумулџине) во Грција.

Група составена од приближно 8 лица вчера во пладневните часови дојдоа на улицата на која се наоѓа Генералниот конзулат на Турција и фрлија голем број шишиња со црвена и црна боја на ѕидовите и дворот на зградата на Генералниот конзулат.

Очевидци истакнаа дека групата напаѓачи на улицата фрлиле и летоци на грчки јазик со поддршка на терористичката организација ДХКП-Џ и потоа извикувајќи слогани избегале од местото на настанот.

Грчката полиција започна истрага во врска со случајот.



Слични вести