Романскиот премиер Гриндеану најави можност за поништување на владиниот декрет за амнестија

Романскиот премиер Сорин Гриндеану истакна дека ќе се разгледа поништувањето на владиниот декрет за амнестија и измените на Кривичниот закон

665628
Романскиот премиер Гриндеану најави можност за поништување на владиниот декрет за амнестија

По протестите кои што продолжуваат веќе неколку дена ширум земјата романскиот премиер Сорин Гриндеану истакна дека ќе се разгледа поништувањето на владиниот декрет за амнестија и измените на Кривичниот закон.

Премиерот Гриндеану на одржаната конференција за претставниците на печатот во владината зграда напомена дека во последните денови остварил низа средби со некои имиња во партијата и дека ислушал низа мислења по ова прашање.

Гриндеану нагласи дека како премиер на земјата не сака „Романија која е поделена на два дела“.

Велејќи дека внимателно ги следи протестите ширум земјата, романскиот премиер Сорин Гриндеану рече: „Донесов неколку одлуки по ова прашање. Ќе одржиме итен состанок и ќе го разгледаме поништувањето на декретите.“

Гриндеану подвлече дека не сака народот во Романија да дојде еден наспроти друг и рече: „Во текот на овој процес дојде до доста голема дезинформација и не можевме доволно добро да го појасниме овој закон. За развојот на Романија и за демократијата постои потреба од мир и стабилност.“



Слични вести