Столтенберг: НАТО го поддржува процесот на дијалог помеѓу Косово и Србија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Алијансата го поддржува процесот на дијалог помеѓу Косово и Србија

665377
Столтенберг: НАТО го поддржува процесот на дијалог помеѓу Косово и Србија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг допатува во посета на Косово каде што во Приштина се состана со косовскиот премиер Иса Мустафа.

Столтенберг истакна дека Алијансата го поддржува процесот на дијалог помеѓу Косово и Србија.

По остварената средба Јенс Столтенберг говореше на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот и истакна дека НАТО го поддржува процесот на дијалог помеѓу Косово и Србија.

Столтенберг напомена дека дијалогот е единствениот пат за нормализирање на односите помеѓу Приштина и Белград.

Осврнувајќи се на значењето на стабилноста во Западен Балкан за НАТО, Столтенберг рече дека безбедноста и стабилноста во регионот влијае на стабилноста на цела Европа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека присуството на НАТО во Косово ќе продолжи и дека во моментов во оваа земја се наоѓаат приближно 4.500 војници на НАТО.

Косовскиот премиер Иса Мустафа нагласи дека улогата на НАТО е значајна и дека неговата земја посакува да стане членка на Алијансата.

Велејќи дека владата му придава значење на дијалогот во решавањето на проблемите, Иса Мустафа подвлече дека дијалогот е единствената алтернатива за иднината.



Слични вести