Унгарија ќе може да добие природен гас преку гасоводниот проект Турски тек

Со природниот гас не определивме политичка маршрута преку која гасот во Европа ќе мора да се пренесува преку Украина

665054
Унгарија ќе може да добие природен гас преку гасоводниот проект Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Унгарија ќе може да добие природен гас преку гасоводниот проект Турски тек.

Во рамките на посетата на Унгарија, претседателот Путин одржа заедничка прес конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Путин рече дека во врска со природниот гас не определивме политичка маршрута преку која гасот во Европа ќе мора да се пренесува преку Украина. Во тие рамки секако дека Унгарија ќе може да земе гас преку гасоводниот проект Турски тек, рече Путин.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пак рече дека гасоводниот проект Јужен тек има поголема предност за Унгарија, но засега нема нешто повеќе што би можеле да направат на тоа поле. Изградбата на гасоводот Турски тек кон Централна Европа има големо значење за нас и доколку се даде можност, Унгарија со задоволство ќе учествува во остварувањето на проектот.



Слични вести