Бебето Нуршан жртва на студот во кампот Ритсона во Грција

Малечката Нуршан тргна на неизвесен пат заедно со своето семејство од Сирија,но не издржа

662849
Бебето Нуршан жртва на студот во кампот Ритсона во Грција

Двомесечното бебе Нуршан е уште една жртва на лошите услови во бегалските кампови во Грција.Со нејзината смрт бројот на починатите сириски бегалци само во текот на една недела во камповите во Грција се искачи на 4.

Малечката Нуршан тргна на неизвесен пат заедно со своето семејство од Сирија,но не издржа.Нејзините родители ја донесоа во болница но за неа беше доцна,така да почина.Родителите со неизмерна тага и болка ја закопаа во гробиштата Халкида.

Според службените податоци во бегалските кампови во Грција се сместени околу 60 000 лица. Тие останаа заробени во Грција откога европските земји ги затворија границите за бегалците.

Само за една недела во кампот во Митилини од смрт починаа тројца бегалци. Се борат со студот и снегот во летните шатори што предизвикува реакции во јавноста. Грчките власти досега неколку пати беа критикувани од страна на граѓанските организации за неможноста за обезбедување на подобри услови за бегалците во камповите.



Слични вести