Високиот суд на Грција нема да ги екстрадира пучистите

Грчкиот министер за правда Ставрос Кондонис рече дека владата ќе ја почитува одлуката на судот

659875
Високиот суд на Грција нема да ги екстрадира пучистите

Високиот суд на Грција донесе одлука според која нема да ги екстрадира 8-тe приврзаници на Фетулахистичката терористичка организација паралелна држава ФЕТО/ПДЈ која на 15 јули се обидe да изврши воен удар во Турција.

Денес Високиот суд ја објави конечната одлука во врска со екстрадицијата на 4 капетани, двајца мајори и двајца десетари.

Судот го одби барањето на Турција за екстрадиција на 8-те пучисти, поради што наскоро се очекува пучистите да бидат пуштен на слобода.

Грчкиот министер за правда Ставрос Кондонис рече дека владата ќе ја почитува одлуката на судот.

Поранешниот претседател на Здружението на адвокатите Димитрис Паксинос рече дека по предлогот на тројца обвинители на обвинителството за екстрадиција, не може да се најде обвинител кој ќе поднесе барање за екстрадиција.

Конечната одлука во врска со екстрадицијата на пучистите се очекуваше да се објави на 23 јануари.

Но по несреќата што ја доживеа еден од судиите, како и неизнесувањето дефинитивен став од страна на останатите двајца судии членови на советот, рочиштето беше одложено за денес.



Слични вести