Социјален проект во Босна и Херцеговина

Ако немаш потреба остави, ако имаш земи

659173
Социјален проект во Босна и Херцеговина

Студентите на Меѓународниот универзитет во Сараево удрија белег со еден проект за социјална одговорност.

Благодарение на сличните проекти кои се имплементираат и во Турција, на сиромашните граѓани им се доделува помош во облека преку закачалките кои се бесат по улиците.

Во Сараево беше реализиран проектот за доделување помош во облека на сиромашните со цел да ја поминат острата зима.

Група студенти на Меѓународниот универзитет во Сараево преку проектот „Ако немаш потреба остави, ако имаш земи“ на сиромашните граѓани им обезбедуваат зимска облека.

Облеката која се остава на улиците се зема од страна на сиромашните граѓани.

Бошњаците со респект го прифатија социјалниот проект со кој се соочија првпат.

Турскиот студент Јунус Демирбаш, одговорното лице на проектот рече дека само првиот ден намирени потребите за облека на осум лица.



Слични вести