Продолжува дијалогот меѓу Косово и Србија

Страните постигнаа согласност за унапредување на дијалогот.

658981
Продолжува дијалогот меѓу Косово и Србија

По одвојувањето на Косово од Србија и прогласувањето на независноста во 2008 како и последната криза со возот, страните првпат се состана.

Состанокот се одржа во Брисел под посредничка улога на ЕУ.

Во рамките на процесот на дијалог се состанаа косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Иса Мустафа, српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

По посебните средби на Могерини со претставниците на делегациите на Косово и Србија, беше објавено соопштение во кое беше истакнато дека страните постигнаа согласност за унапредување на дијалогот.

Федерика Могерини истакна дека нормализирањето на односите меѓу страните има големо значење за ЕУ и Западен Балкан.

По испраќањето на возот од Србија на кој имаше српски знамиња за Косово и на кое пишуваше „Косово е Србија“ дојде д криза меѓу двете земји.

Приведувањето на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај од страна на Франција врз основа на налогот за апсење на Србија исто така ја зголеми напнатоста.

По кризата со возот, Косово испрати голем број безбедносни сили на границата, додека врз основа на овој потег, Србија го објави соопштението дека за одбрана на Србите на Косово, се спремни да ги испратат воените единици.



Слични вести