Вчера во Женева заврши вториот круг на преговорите за Кипар

Дводневните средби на работните групи на кои беа разгледани гаранциите поминаа успешно

655690
Вчера во Женева заврши вториот круг на преговорите за Кипар

Вчера во Женева заврши вториот круг на преговорите за изнаоѓање трајно мировно решение на Кипар.

По меѓународната конференција што се одржа на 12 јануари под покровителство на Канцеларијата на ОН во Женева, вчера повторно започнаа средбите за изнаоѓање решение на Кипарското прашање. На вчерашната средба учествуваа експерти на земјите гаранти Турција, Грција и Англија, како и страните Турската Република Северен Кипар и Јужнокипарскиот дел.

Еспен Барт Еиде, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН одговорен за Кипар рече дека дводневните средби на работните групи на кои беа разгледани гаранциите поминаа успешно.

Според информациите, работните групи детално ги разгледаа поглавјето безбедност и гаранции.

Претставниците на двете страни ги изнесоа своите погледи и ставови како и загриженоста во однос на одредбите на поглавјето.

Во втората етапа беа разгледани предлозите и можностите за искористување на инструментите со кои ќе може да се надмине загриженоста на страните.

Во рамките на дводневните средби беа одржани 4 посебни состаноци и беше направена проценка на поглавјето безбедност и гаранции и завршија техничките подготовки за  следната етапа.

Третиот ден на средбите се очекува да се одржат билатерални и вкрстени средби и во тие рамки да се разменат мислења и погледи.

Во претстојниот процес страните претходно имаа постигнато консензус да одржат состанок на највисоко ниво.

Тоа пак подразбира дека третата етапа на преговорите во Женева ќе продолжи со состанок на кој ќе учествуваат претседателите на петте земји.

Во меѓувреме, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи на 26 јануари во Лефкоша ќе се состане со Кипарско грчкиот лидер Никос Анастасијадис на кој ќе разменат мислења во врска со политичкото ниво на состанокот на петката.

На последниот состанок на петката за Кипар, Турција беше претставена од делегација предводена од страна на заменик потсекретарот на министерството за надворешни работи Ахмет Мухтар Гун, додека Кипарско турската страна од страна на Оздил Нами во својство на главен преговарач.

Вчера потпретседателот на владата Тугрул Туркеш замина за Женева каде што се стекна со информации за работата на работната група која продолжува со средбите во рамките на Конференцијата за Кипар.

Кипарските преговори се состојат од шест поглавја: Економија, ЕУ, право на сопственост, поделба на власта, право на земја, безбедност и гаранции.



Слични вести