Денеска во Женева повторно започнуваат преговорите помеѓу страните на Кипар

Пред преговорите кои што почнувајќи од денеска ќе траат во текот на три дена страните вчера одржаа координационен состанок на кој го определија дневниот ред на преговорите

647096
Денеска во Женева повторно започнуваат преговорите помеѓу страните на Кипар

Денеска со учество на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис во швајцарскиот град Женева ќе продолжат преговорите за изнаоѓање решение за Кипарскиот проблем кои што се водат под надзор на ОН.

Пред преговорите кои што ќе траат три дена страните вчера одржаа координационен состанок на кој го определија дневниот ред на преговорите.

Согласно постигнатиот компромис на состанокот страните првиот ден преговорите ќе ги започнат со разгледување на прашањето на имотната сопственост.

Додека ќе се разговара за прашањата на поделбата на власта и авторитетот ќе бидат разменети мислења и ќе биде реализиран бреин сторминг.

Вториот ден пак доколку не бидат завршени преговорите од првиот ден ќе се продолжи со насловите посветени на поделбата на власта и авторитетот.

Вториот ден од преговорите ќе се разговара и за прашањата посветени на ЕУ, економијата и финансирањето на решението.

Во среда, третиот ден пак ќе се преговара за прашањето на земјиштето како едното од најкритичните прашања.

Третиот ден од преговорите ќе биде заокружен со прашањето со имотната сопственост и другите прашања за кои што не ќе може да се постигне компромис.

На тој начин ќе заврши преговарачкиот процес помеѓу страните пред петорниот самит на 12 јануари на кој освен двете страни на Кипар, турската и грчката страна, ќе учествуваат и трите земји гарантори Турција, Грција и Велика Британија.

Во меѓувреме генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес ги побара пио телефон двајцата лидери на Кипар Мустафа Акинџи и Никос Анастасиадис со кои размени мислења во врска со преговарачкиот процес.

Од друга страна претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи на одржаната прес конференција на аеродромот Ерџан во Лефкоша пред да замине за Швајцарија истакна дека не се на точка да се каже дека „сигурно ќе произлезе резултат во женева“ и застана во одбрана на тоа дека треба да се биде претпазлив и дека не треба се да се доведува до свршен чин.

Акинџи нагласи дека доколу страните покажат иста одлучност, иста одговорност и исти напори е можно да се постигне решение на Кипар кое што ќе се потпира на рамноправност, слобода и безбедност и во чии рамки и двете заеднициќе можат да живеат во мир и радост. 

Мустафа Акинџи рече: „Доколку во Женева се појават на преден план грешките на кипарско-грчкатата страна и не може да се постигне прифатливо решение и за двете страни, Турската Република Севрен Кипар (ТРСК) ќе го продолжи својот пат како демократска, лаичка и слободна заедница.“



Слични вести