Севил Шаидех не можеше да стане премиерка на Романија, но стана вицепремиерка

Севил Шаидех, Татарка Турчинка муслиманка која беше предложена за премиерка, но овој предлог беше одбиен од страна на романскиот претседател Клаус Јоханес, сепак успеа да стане вицепремиерка на Романија и министерка за регионален развој

643545
Севил Шаидех не можеше да стане премиерка на Романија, но стана вицепремиерка

Татарката Турчинка, муслиманка Севил Шаидех која беше прва личност предложена за премиерка на Романија од страна на Социјалдемократската партија (ПСД) но овој предлог беше одбиен од страна на романскиот претседател Клаус Јоханис, стана потпретседателка на владата и министерка за регионален развој во новиот кабинет.

Романскиот претседател од германско потекло Клаус Јоханис откако го наименува Сорин Гриндеану за нов премиер предложен од страна Социјалдемократската партија (ПСД) која излезе како победник на одржаните парламентарни избори на 11 декември ги соопшти на јавноста и членовите на новата влада.

Не постои одредена препрека пред изгласувањето на доверба на новата влада составена од 26 министри во парламентот во кој мнозинството го сочинуваат коалиционите партнери Социјалдемократската партија (ПСД) и Унијата на либерали и демократи (АЛДЕ).

На малиот коалиционен партнер во новоформираната романска влада Унијата на либерали и демократи (АЛДЕ) му се доделени 4 министерски позиции.

Доколку не беше одбиен предлогот на Социјалдемократската партија (ПСД) и беше прифатен од страна на романскиот претседател Клаус Јоханис, Севил Шаидех ќе станеше прва жена, Татарка Турчинка и муслиманка премиер на Романија.



Слични вести