Претседателот Акинџи го информираше печатот за последната состојба во кипарските преговори

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ги информираше претставниците на печатот за последните случувања во врска со кипарскиот проблем

638319
Претседателот Акинџи го информираше печатот за последната состојба во кипарските преговори

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи на состанокот “Средба меѓу медиумите и претседателот“ во организација на Унијата на кипарските турски новинари ги информираше претставниците на печатот за последните случувања во врска со кипарскиот проблем.

Акинџи истакна дека за да се решат прашањата кои што ќе ја зацртаат рамката на решението во кипарските преговори кои што ќе се одржат од 9 до 12 јануари во швајцарскиот град Женева и за да не дојде до одредена негативност во летните месеци на 2017 година би можело да се постави на дневен ред одржувањето на референдум.

Велејќи дека на самитот ќе бидат поставени на разгледување тешки прашања, Мустафа Акинџи истакна дека доколку во Женева бидат решени насловите од преговорите кои што се однесуваат на земјиштето, управата и имотната сопственост, ќе се постават на маса картите и потоа ќе се фокусира на прашања за гаранторството и безбедноста.

Акинџи укажа на тоа дека не постои и нема потреба од одредена одлука за присуствување на маса на петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН, а воедно напомена дека во Женева на маса ќе бидат турската и грчката страна на Кипар, а потоа ќе бидат приклучени трите гаранторски земји Турција, Грција и Англија.

Истакнувајќи дека потписот за новата состојба при постигнување на евентуално решение на Кипар нема да биде фрлен од страна на денешната „Кипарска Република“ туку од страна на новоформираната држава “Обединет Федерален Кипар“, Акинџи додаде дека продолжуваат разговорите на ниво на преговарачи пред самитот во Женева и дека на 4 јануари ќе се состанат повторно со кипарско-грчкиот лидер Никос Анастасиадис.

Преговорите на Кипар по доаѓањето на должност на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи на 15 мај 2015 година повторно започнаа со посредство на специјалниот претставник Еиде, меѓутоа откако кипарско-грчката управа не ги фрли очекуваните чекори и овие преговори останаа без резултат.

Потоа страните согласно донесената одлука на 1 декември постигнаа согласност за повторно состанување на 9 јануари во швајцарскиот град Женева, доставување на своите карти на 11 јануари и одржување на меѓународна конференција на 12 јануари на која ќе учествуваат и гаранторските земји, Турција, Грција и Англија.



Слични вести