Амбасадата на САД во Сараево го одби барањето на Милорад Додик за дипломатска виза

Американската амбасада во Сараево одби да му издаде дипломатска виза на претседателот на Република Српска Милорад Додик за да замине за САД за да присуствува на инаугурацијата на Доланд Трамп

638928
Амбасадата на САД во Сараево го одби барањето на Милорад Додик за дипломатска виза

Одбиено барањето на претседателот на Република Српска Милорад Додик за добивање дипломатска виза за патување во САД.

Твдејќи дека бил поканет да присуствува на церемонијата на стапување на должност на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Милорад Додик поднесе барање за виза до американската амбасада во Сараево.

Американската амбасада во Сараево не му издаде виза на Додик со образложение дека „Не може да присуствува на церемонијата на полагање заклетва, како претставник на Босна и Херцеговина.“

Претседателот на Република Српска Милорад Додик во дадената изјава за српската телевизија истакна дека дипломатскиот пасош на Босна и Херцеговина не вреди за ништо и дека веќе ќе патува со пасош на Србија.“

Освен тоа Додик одговорноста за присутните етнички проблеми во Босна и Херцеговина ја префрли на САД.



Слични вести