Бакир Изетбеговиќ: Сосема сигурно е оти ФЕТО е терористичка организација

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ истакна дека сосема сигурно е оти ФЕТО е терористичка организација, бидејќи се обиде да изврши крвав воен удар во кој животот го загубија приближно 300 лица

636871
Бакир Изетбеговиќ: Сосема сигурно е оти ФЕТО е терористичка организација

Бошњачкиот член на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ во интервју за телевизијата ТВ1 одговараше на едно поставено прашање во однос на тоа дали Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО делува во Босна и Херцеговина одговори дека тоа треба да се следи.

Изетбеговиќ истакна дека сосема сигурно е оти ФЕТО е терористичка организација, бидејќи се обиде да изврши крвав воен удар во кој животот го загубија приближно 300 лица. 

Велејќи дека Босна и Херцеговина е правна држава, Бакир Изетбеговиќ рече: „Несомнено ФЕТО е терористичка организација. Впрочем се обиде да изврши крвав воен удар во кој животот го загубија приближно 300 лица.“

Изетбеговиќ нагласи дека доколку ФЕТО беше успешна во обидот за воен удар на 15 јули ќе беа убиени уште голем број лица и напомена дека треба да се следи одблизу работата на овие луѓе (ФЕТО) и во Босна и Херцеговина.

Бакир Изетбеговиќ појасни дека во последните години голем број пати биле предупредени во однос на ФЕТО и рече: „Бевме предупредени дека во позадината на нивните активности како што се помагање на сиромашните ученици и располагање со добри школи всушност имаат за цел да дојдат на власт и дека тоа би можеле да го направат поставувајќи свои луѓе во системот, инфилтрирајќи се во државата или со обид како во Турција.“

Нагласувајќи дека значајно е да се следат активностите на овие луѓе во Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ рече: „Ако сме умни треба да ги земеме во предвид предупредувањата.“



Слични вести