Продолжуваат подготовките за лидерскиот самит за Кипар на 9 јануари во Женева

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи пред лидерскиот самит на 9 јануари во Женева вчера го прими специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде

635438
Продолжуваат подготовките за лидерскиот самит за Кипар на 9 јануари во Женева

Интензивно продолжуваат дипломатските иницијативи на Кипар пред преговорите кои што ќе започнат на 9 јануари во швајцарскиот град Женева.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде потсети дека остана кусо време за самитот во Женева и дека се водат активности времето да биде искористено на најдобар можен начин.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи пред лидерската средба вчера во Лефкоша го прими специјалниот претставник Еспен Барт Еиде.

По средбата која што тареше приближно 2 часа специјалниот претставник Еиде одговараше на прашањата на новинарите и рече дека и двете страни работат интензивно.

Потсетувајќи дека за самитот во Женева остана уште мошне кусо време, Еиде нагласи дека се водат активности за најдобро искористување на ова време.

Специјалниот претставник воедно додаде дека и меѓународната заедница дава голема поддршка на активностите кои што се водат за постигнување решение на островот.

Пред самитот на 9 јануари во Женева двајцата лидери на Кипар, Мустафа Акинџи и Никос Анастасиадис ќе се состанат на 4 јануари.

Освен тоа специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде рече дека доколку затреба лидерите би можеле да се состанат и пред тоа.



Слични вести