Митинг за поддршка на Сирија и Алепо во Зеница

Цел на масакрите во минатото беше Сребреница, денес е Алепо. Добро, а што ќе стане утре или во иднина?

632880
Митинг за поддршка на Сирија и Алепо во Зеница

Стотици лица кои се собраа на плоштадот Алија Изетбеговиќ упатија повик за спречување на војната во Сирија и Алепо.

Исмет Басиќ, претставникот на здружението „Хедија“, еден од организаторите на митингот подвлече дека треба да бидеме обединети за спречување на војните во светот поради што упативме повик до сите граѓани на Зеница за учество на митингот, без оглед на нивното верско и етничко потекло.

Басиќ во говорот потсети на геноцидот во Сребреница кој беше извршен за време на војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година и рече „Цел на масакрите во минатото беше Сребреница, денес е Алепо. Добро, а што ќе стане утре или во иднина? Затоа треба да им помогнеме на цивилите во Алепо“, рече Басиќ.

Мујо Агановиќ, претседателот на Здружението на воените ветерани (газии) кој исто така учествуваше на митингот упати повик за изнесување на ставот „Стоп“ на зулумите во Сирија и потенцираше дека сето оба што се прави во Алепо е прекршување на човековите и верски права на луѓето.

Воениот ветеран од војната во Босна, Алија Реџиќ подвлече дека човековите права најпрвин беа прекршени во Сребреница, а сега во Алепо.

Групата која се собра на плоштадот Алија Изетбеговиќ и во рамките на митингот маршираше до улицата Маршал Тито упати порака од Зеница до Алепо за мир.

На митинот во Зеница, рефренот на песната на бошњачкиот музичар Дино Мерлин посветена на покојниот претседател Алија Изетбеговиќ „Јас темнината мислев дека е светло, да не беше Ердоган“ беше посветена на претсдетаелот Реџеп Тајип Ердоган.

На митингот беше одржана кампања за собирање помош на настраданите во Алепо.



Слични вести